Свет

Албанија и Хрватска му се жалат на НАТО – Србија сака војна

Албанија и Хрватска побараа од НАТО да ги преразгледа плановите за мировната мисија во Косово, посочувајќи дека националистичката реторика на српските политичари се заканува оти ќе го дестабилизира регионот, пренесува БТА.

Односите меѓу Србија и Косово се тензични повторно откако Белград испрати воз со натпис „Косово е Србија“ до границата, а косовската полиција соопшти оти нема да му дозволи да влезе на косовската територија.

Српскиот претседател Томислав Николиќ ги обвини властите во Приштина дека сакаат да започнат војна, а неговиот колега Иса Мустафа нагласи дека Србија би можела да го искористи рускиот модел на Крим и да го анексира северниот дел на Косово.

Министерот за одбрана на Албанија Мими Кодели и хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ испратија заедничко писмо до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, осудувајќи ја националистичката реторика на српските политичари и конкретните дејствија на границата.

Министрите напишаа дека тие активности имаат за цел да посегнат по суверенитетот на Косово и да ја дестабилизираат безбедноста на Западен Балкан, се наведува во соопштението испратено од канцеларијата на Кодели.

Министрите побараа од Столтенберг да го преразгледа оперативниот план за мировната мисија во Косово по последните случувања и да ја поддржи трансформацијата на силите за безбедност на Косово во Армија на Косово.

За да создаде Армија, Косово треба да добие поддршка од српското малцинство во Парламентот, чии претставници се спротивставуваат на тоа.

#Коментари

Поврзани вести

Back to top button