Живот

14 симптоми за зголемено ниво на шеќер во крвта

Дијабетесот е хронична болест која настанува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го употреби веќе произведениот инсулин. Инсулинот е хормон кој го произведува панкреасот, а кој им овозможува на клетките да ја превземаат гликозата од крвта, односно да ја преработат во енергија. Неуспешното произведување на инсулин, неговата неефикасност или двете состојби одеднаш, предизвикуваат зголемено ниво на гликоза во крвта (хипергликемија).

Таа е поврзана со долгорочната штета на телото и откажувањето на некои органи и ткива, вклучувајќи ги бубрезите, крвните садови, нервите и очите.

Зголеменото ниво на шеќер во крвта не мора нужно да значи дека имате дијабетес. Исто така, во некои случаи, личностите со хипергликемија, не чувствуваат никакви знаци на дијабетес. Меѓутоа постојат чести симптоми на високо ниво на шеќер во крвта кои може да укажуваат дека имате проблем.

  • Зачестено мокрење или мокрење во текот на ноќта
  • Замаглен вид
  • Потешкотии со концентрацијата
  • Сува уста
  • Импотенција
  • Зачестени инфекции
  • Бавно зараснување на исеченици и рани
  • Желудочни проблеми
  • Постојан замор или замор во екстремитетите
  • Зголемена жед
  • Сува кожа што чеша
  • Темен обрач на кожата околу вратот
  • Чести габични инфекции
  • Постојана глад
  • Вишок сало на пределот околу стомакот или зголемување на тежината
  • Проблеми со нервите

Поврзани вести

Back to top button