Свет

„Исламска држава“ и се заканува на Кина со „реки од крв“

Екстремисти од „Исламска држава“ од кинеско-ујгурското малцинство се заканија дека ќе се вратат во своите родни места и ќе „пролеат реки од крв“, соопштија од Vocativ. Според експертите ова е прва закана против азиската држава од овој тип. Заканата се содржи во половина час видео објавено во понеделникот од огранок на ИД во западен Ирак со учество на екстремисти од ујгурската етничка група во Кина, соопшти SITE Intelligence Group, со седиште во САД, која ги анализира кадрите.

Со години Кина ги обвинува ујгурските „сепаратисти“, кои се наоѓаат во егзил, за насилни напади во западниот регион на Ксинџијанг – татковината на Ујгурите – и предупредува за можноста екстремисти да се поврзат со глобални џихадистички групи, пренесе медиумот.

Во видеото се гледа ујгурски борец како упатува закани против Кина малку пред да егзекутира наводен информатор на властите. „О, вие Кинези кои не разбирате што велат луѓето! Ние сме војници на Калифатот и ќе дојдеме кај вас за да ви објасниме со јазикот на нашите оружја, ќе лееме вистински реки од крв и ќе се одмаздиме за угнетените“.

Поврзани вести

Back to top button