Жена го идентификувала телото на својот удавен сопруг – 11 месеци подоцна тој се вратил дома
Една Јапонка која во јуни минатата година го пријавила исчезнувањето на сопругот, го идентификувала телото пронајдено во реката Едо и потврдила дека станува збор за нејзиниот маж, а и други членови на семејството го идентификувале телото на исчезнатиот 40-годишен човек.
Телото било пронајдено три дена по пријавата и по идентификацијата било кремирано, за 11 месеци подоцна жената да доживее шок кога нејзиниот сопруг се појавил жив и здрав на вратата од нивниот дом.
Полицијата соопштила дека по воочената грешка, со помош на отпечатоците од прстите е откриен вистинскиот идентитет на починатиот. Властите изјавиле дека извлеченото тело припаѓало на 30-годишен маж кој бил отприлика со иста висина како и мажот на Јапонката, а неговото исчезнување е пријавено истиот ден кога бил откриен и лешот.
“Ова е многу жалосен инцидент и одлучни сме во намерата да го спречиме неговото повторување”, изјавил полициски службеник на Токио.
Меѓутоа, она што не е откриено е каде бил сопругот цели 11 месеци кога сите сметале дека е мртов.