Избор на уредникотСвет

ЗБОГУМ СОРОС: “Епидемиjaта го yништи глoбaлизмoт“

Светот не функционира заедно. Ни Американците, Европејците, Русите или Кинезите. И ова е најголемата последица од кризата, најголема по Втората светска војна. Треба да работиме заедно и тоа нема да се случи, вели влијателниот американски политиколог Иан Бремер. Бремер смета дека една од најголемите последици на коронавирусот ќе биде исчезнувањето на глобализацијата.

– Постојат три работи. Најважно, со најдалекусежни последици, е дека глобализацијата што трае со децении почнува да исчезнува. Веќе влегуваме во технолошката студена војна меѓу Америка и Кина и ќе видите многу раздвојување, локализација, адаптација на ланецот на снабдување, што е многу ефикасен и водечки фактор на раст кој не е еластичен кога имате шокови и кризи во синџирот на снабдување во секој случај. Повторно локализација. Помалку ефикасност, помалку раст. Една голема последица е деглобулизацијата – вели Бремер.

Вториот е, тврди Бремер, дека пазарите во развој ќе бидат погодени многу полошо од развиениот свет, каде што можете да одвоите 10 проценти од БДП на стимул. Вие не можете тоа да го направите ова во Бразил, Турција или Индија.

– Меѓународната помош нема да биде соодветна. Се грижам дека ќе имаме дополнителна финансиска криза, што ќе збогати некои нови пазари. Ова може да доведе до промена на режимот, големи страдања за народот, многу повеќе од тоа што го имаме денес во Америка, Европа или она што неодамна се случи во Кина – посочува Бремер и додава:

– Трето е односот меѓу Америка и Кина. Мислам дека постои можност тој да стане многу позатегнат. Кинезите ќе излезат посилно од кризата на меѓународно ниво, бидејќи успеаја да го потиснат првичното избувнување на епидемијата и потоа експедитивно ја завршија. Нивната економија ќе биде прва во светот што ќе започне одново. Таа веќе започна 65 проценти од економијата, најверојатно, ќе биде целосно оперативна до крајот на април, почетокот на мај, а Американците и Европејците сè уште се затворени. Тие се одговорни за набавка на медицински материјали, тие водат хуманитарна акција.

На пример, во Србија, слушаме дека Кинезите се браќа и дека ЕУ не е од голема помош. И ќе глеадаме други такви примери во државите, некои од нив обично се сојузници на САД. Тоа е драматична промена на светскиот поглед досега.

Американскиот политиколог смета дека Русите имаат ограничена улога, а Кинезите се неверојатно помоќни и економски влијателни.

– Го гледате тоа на теренот во скоро сите овие земји. Улогата на Кина ќе биде уште поголема. Кина ќе биде многу посилна во Европа отколку пред оваа криза. „Хуавеи“ ќе доминира, многу земји ќе се свртат кон нив за 5G технологија, а не кон Америка. Ова за мене е светот на „Г 0“, а не на „Г 7“ или на „Г 20“. Ова е прва глобална криза во светот. Дури и после терористиќкиот напад во САД од 11.09., по 2економската криза од 2008 година, Америка се одржа заедно, Европејците беа заедно со Американците. Русите им помогнаа на Американците по 11 септември, Кинезите им помогнаа на Американците по 2008 година – објаснува Бремер и предупредува:

– Денес, 2020 година, светот не е заедно. Не се заедно Американците, Европејците, Русите или Кинезите. И ова е најголемата последица од кризата, најголема по Втората светска војна. Треба да работиме заедно, но тоа нема да се случи.

Поврзани вести

Back to top button