Избор на уредникотМакедонијаТоп
Затвореници во Идризово ископале тунел долг 60 метри
Рано утрово затворската полиција во затворот во Идризово направила голема акција со цел да ги сузбие можните обиди за бегство на осудените лица. Во акцијата била вклучена и градежна механизација, пренесува Курир.
Неофицијално, во акцијата е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостасувале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а во кој имаше и потпорни греди. Осветлувањето било решено со пуштен кабел со светилки, пишува Курир.
Според информациите тунелот се копал најмалку 4 до 5 месеци наназад.