Закана од Џихадист: Станете мислимани, убијте ги христијаните и нивните слуги
Нова видео закана, која на својот портал ја пренесе хрватскиот Јутарниј лист, ги вџаши Американците, но и регионот, бидејќи на неа се гледа како џихадист ги повикува жителите на Америка, Канада, Австралија, Европа и особено Балканот, и тоа на чист босански јазик.
Во деветминутното видео тој се заканува на жителите на Сан Франциско, Лас Вегас, при што се слуша глас на човекот кој го слави Омар Метен, кој претходно овој месец го изврши масакрот во Орландо.
„Станете мислимани, убијте ги христијаните и нивните слуги, во нивните градови и нивните држави. Поставете експлозив под нивните возила, и нивните домови и уреди. Убијте ги со сонајпери со придушувачи, убијте ги па макар и со нож, немојте да правите разлика меѓу војник и цивил“, порача џихадистот во пораката.