Заев: За неколку дена ќе видиме дали може да разрешам функционери на ДУИ
Премиерот Заев ја коментираште во средата изјавата на пратеникот од коалицискиот партнер ДУИ, Артан Груби, дека барањето за ветинг нема врска со најавената чистка на Владата и на други високи позиции, и рече дека на крај ќе се дознае вистината по оваа „рашомонијада од изјави“.
„Сите коалициски партнери имаме право да си даваме свои коментари. Ваквата рашомонијада од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината. Артан Груби е пратеник. Тој и пратеничката група ќе се изјаснат. Јас ги повикав да им кажам кои мерки ќе ги преземеме, да си знаат и да си планираат. Немам намера да лицитирам со бројки“, изјави Заев.
Прашан дали може да разреши функционери од ДУИ, премиерот одговори: „ Да почекаме уште неколку дена, па да видиме“. Додаде дека кадровските промени сѐ уште не ги коментира.