Забуни околу коронавирусот, зошто стигна од Вухан до Рим и до Њујорк, но не до Шангај и Пекинг?
На социјалните мрежи се шират разни теории на заговор за коронавирусот (го викаат и кинески вирус), но и логични прашања за неговото ширење од Вухан кон Европа и целиот свет.
Се поставува логично прашање, пишуваат хрватски медиуми, како е спречено вирусот да не се рашири во другите големи кинески градови, како Пекинг и Шангај, а стигна до Рим, Мадрид, Лондон или Њујорк?
Се поставуваат оправдани прашања, кои имаат логика, пишува Кроатив онлајн. Читам и гледам многу медиумски објави и гледам видеоматеријали, но оваа теорија ми изгледа најубедлива. Нешто не е во ред со овој вирус, пренесува Макспортал.
Од Вухан до Шангај има 629 км; Од Вухан до Пекинг има 1.052 км; Од Вухан до Милано има 8.700 км; Од Вухан до Њујорк има 12.000 км; Од Вухан до Сао Паоло има 17.964 км; Од Вухан до Лондон има 8.880 км; Од Вухан до Париз има 8.900 км; Од Вухан до Шпанија има 9.830 км; Од Вухан до Индија има 3.575 км; Од Вухан до Иран има 6.560 км…
Нешто не е во ред!
Вирусот потекнува од градот Вухан (со 11 милиони жители) во Кина и сега стигна до сите краишта во светов, но овој вирус не стигна до Пекинг, главниот град на Кина и до економската престолнина Шангај, градови кои се блиску до Вухан. Зошто?
Шангај е најголем кинески град со 26,3 милиони жители. Имаше 538 заболени, починаа 6 лица, 406 оздравеа, а според податоците од 7 април активни се уште 126 случаи.
Пекинг е втор град по големина во Кина со околу 17,4 милиони жители. Во однос на коронавирусот овој милионски град бележи слични податоци како и во Шангај. Заразени биле 587 лица, 8 починале, оздравеле 448, а на 7 април имало 131 заболени.
Од 3.335 починати во Кина, 3212 се од Вухан, а во останатиот дел од Кина починале 123 лица.
Шангај е град кој управува со кинеската економија, тоа е економски главен град на Кина, таму живеат најбогатите Кинези. Тие кои ја водат индустријата. Таму нема блокади, вирусот таму нема учинок. Зошто?
Коронавирусот создаде терор во големите градови низ светот, но не го загрози Пекинг, ниту Шангај? Тие се соседни подрачја на Вухан. Вирусот од Вухан стигна до сите краишта во светот, но соседството го заобиколи. Зошто?
Денес цела Индија и 1,3 милијарди луѓе се затворени. Економијата е парализирана, но сите големи градови во Кина се отворени, а од 8 април и Вухан. Целиот свет е полн со терор од вирусот. Но, нови случаи не стигнуваат до Кина и Кина е отворена. Зошто?
Берзата во светот се преполови. Но, овој вирус нема значително влијание на кинескиот пазар. Зошто?
Има ли вистина во тоа дека коронавирусот е биолошко оружје? Ако е, дали им побегнал од лаборатории или намерно е пуштен? Ако направи паника во Вухан, луѓе умираа на улиците, а не се прошири до Шангај и Пекинг, имаат ли лекови кои не ги делат со остатокот од светот!? Зошто?