Живот

За деформирањето на бебињата е виновна американска мега-компанија – Нова теорија на заговор

Според нов извештај, наглиот пораст на микроцефалијата, ретко невролошко пореметување кое доведува до развој на абнормални черепи, бил повран со одреден пестицид.

Конкретно, станува збор за пестицидот Пирипроксифен – ларвацид кој ги напаѓа Aedes Aegypti комарците кои што го пренесуваат Зика вирусот. Пирипроксифенот го произведува Sumitomo Chemical, компанија поврзана со големиот американски гигант „Мосанто“.

„Во подрачјата каде што живее најголемиот број од заразени лица, 18 месеци веќе се применува ларвацидот кој произведува малформации кај комарците. Токму тој отров државата го става и во водата за пиење која што ја користи погоденото население“, стои во извештајот кој минатата седмица го напиша аргентинска група на угледни доктори од погодените подрачја.

Оваа група тврди дека „не е случајност“ тоа што случаите со микроцефалија се зголемиле токму во Бразил каде што е користен спорниот пирипроксифен, додека во Колумбија, Зика вирусот не го предизвикал наведеното невролошко пореметување, иако таа земја после Бразил е втора најпогодена од овој вирус.

А дури и во самиот Бразил, не е секој случај на микроцефалија поврзан со присутноста на вирусот Зика: „Откако експертите проверија 732 случаи, открија дека повеќе од половина од нив, или не биле микроцефалија, или пак не биле поврзани со Зика вирусот“.

Како реакција на тој извештај, една бразилска сојузна држава го суспендираше користењето на пирипроксифенот.

Додека некои тврдат дека доказите кои покажуваат поврзаност на пирипроксифенот и микроцефалијата се тука, други сето тоа го прогласуваат за теорија на заговор. Од Светската здравствена организација се огласија и од таму тврдат дека пирипроксифенот е безбеден во водата за пиење во препорачаните количини.

Од Светската здравствена организација експлицитно изјавија дека врската помеѓу микроцефалијата и вирусот Зика се уште не е потврдена – имено, ако сакаат да кажат дека постои врска, тогаш од WHO мора да бидат 100% сигурни дека тоа ќе може да се потврди со цврсти докази кои покажуваат дека инфекцијата со Зика вирусот може да предизвика биолошки промени во фетусот кои сериозно го пореметуваат неговиот раст и развој. Од таму потврдија дека наскоро ќе биде потврдена поврзаноста на Зика вирусот со микроцефалијата и дефинитивно.

„За разлика од поврзаноста на Зика вирусот и микроцефалијата која е потврдена со тестови кои индицираа присутност на вирусот во примероците со крв, поврзаноста помеѓу користењето на пирипроксифен и микроцефалијата нема никаква научна основа. Важно е да се истакне дека некои локации кои што беа погодени од микроцефалијата, исто така го користеле пирипроксифенот“, соопштија од бразилската влада.

Поврзани вести

Back to top button