ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Плакарот падна врз бебенцето – Братот близнак го спаси
Двегодишните близнаци Брок и Бовди Шоф од Утаха си играа во својата соба кога на Брок падна плакарот. Целиот настан бил снимен од камерата која нивните родители ја инсталирале во собата, а на снимката се гледа како детенцето плаче заробено под тешкиот плакар.
Тоа што беше многу воодушевувачки е присебноста на другиот брат, кој по малку размислување најпрво се обиде да го дигне плакарот, но откако во тоа не успеа, затоа што беше претежок, малце го поттурна, се додека неговиот брат не го извлече на сигурно.
Мајката Кајли раскажа дека синот сепак не бил повреден, а додека таа не влегла во собата децата си продолжиле со играта.
На полицијата им рекла дека не слушнала кога плакарот паднал. Свесна за последиците, родителите ја објавиле снимката на социјалните мрежи, но открија дека имаат причина за тоа.
„Објавивме за да ги предупредиме другите родители на опасностите кои демнат. Бидете сигурни дека ги имате прицврстени плакарите за да не ви се случи ова и на вас“, раскажа нејзиниот маж Рики.
Икеа им исплатила 50 милиони на родителите чии три деца загинале откако на нив паднал плакар од линијата Малм.