МакедонијаТоп
Во центарот на Скопје повторно нападнати и ограбени деца, МВР не може или не сака да се справи со обични хулигани и насилници
Во полициската станица Центар вчера во 20.15 часот, А.Г.(45) од Скопје пријавила дека околу 18.50 часот на ул.„11 Октомври“ во паркот „Жена борец“, три лица со закана одзеле пари од нејзиниот малолетен син.
Исто така вчера во 20.10 часот во полициската станица Центар, Б.M.(38) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на кеј „13 Ноември“ неколку малолетници со закана одзеле лични работи од 15-годишен малолетник од Битола.
Во последниов период зачестени се нападите врз деца во Скопје, а особено во централното градско подрачје, а од МВР како по навика изјавуваат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.