Живот

Во обложувалница не му дале да го искористи тоалетот додека не уплати тикет: Сега е побогат за 100.000 денари!

Приказната која овие денови го освои интернетот гласи вака: Човек од Белград морал итно да оди во тоалет. Тој немал многу за бирање, па влегол во обложувалница, а таму м усе случило нешто што ќе го памети цел живот.

Списанието „Политикин“ пишува за овој настан…

– Тешко е да постои некој кој не г осетил стравот кога мочниот муер ќе проработи на сред улица. Неодамна такво нешто му се случило на еден белграѓанин. Каде да оди, што ќе прави, среде бел ден? Да трпи, не иде. Додека гледал акде да влезе, влегол во обложувалница. Одлично, решение кое го има на секој ќош. Меѓутоа внатре не му дале да го користи тоалетот доколку не уплати тикет, а што се мора не е тешко, па дечкото си уплатил ливче за 25 денари. Не ни гледал кои натпревари ги пишува, битно му било да уплати и да влезе во тоалет. Конечно завршил „работа“ и си продолжил среќен по патот. После една недела го пронашол тикетот во џеб и го проверил, за секој случај. На крајот излегло дека тикетот е добитен, а неговите 25 денари му донеле 100.000 денари.

 

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button