Свет

Во Германија се бараат милион работници

Според извештајот објавен од страна на Институтот за истражување на вработеноста во Германија, никогаш немало толку многу отворени работни места; во првите 3 месеци во 2017 година работодавците барале 1.064.000 работници, што е за 9.000 повеќе отколку во последниот квартал од 2016 година, кој досега бил рекорд.
Проценката на Институтот е вз основа на одговорите на 8.000 работодавци од сите економски сектори.

Околу 77% од сите отворени работни места се наоѓаат во западна Германија. Околу две третини (64%) од овие работни места од потенцијалниот вработен бара да има завршено некој занает, додека 16% бараат високообразовни работници. Од останатите 20% од работниците не се очекува никакво посебно образование.

„Моментално малите и средни претпријатијата пред сè бараат работници занаетчии“, вели Александер Кубис од Институтот.

Институтот прогнозира дека во март во Германија вработеноста ќе биде рекордно висока, речиси 45 милиони, што би било зголемување од 670.000 во однос на минатата година.

Поврзани вести

Back to top button