Живот

Внимавајте: Подмолна болест ги убива мажите на Балканот – ова се симптомите

Вид на рак кај кој се бележи најмал процент на излечивост е токму ракот на панкреас, кој спаѓа во ретка, но исклучително подмолна болест.

Излечлив е само кај 3% од заболените, а петгодишното преживување е забележано кај само 15-20% од пациентите.

Според последните статистички податоци, овој рак ќе стане четвртиот по ред најсртоносен облик на рак во Британија до 2026., бидејќи доцната дијагноза за многумина ја исклучува спасоносната операција.

И на Балканот и кај нас оваа болест е во пораст последниве години, а од неа заболуваат и умираат повеќе мажи отколку жени.

Ракот на панкреас предизвикува абнормален и неконтролиран раст на клетките во панкреасот – голема жлезда во дигестивниот систем.

Еден од најголемите проблеми кај малигниот тумор на панкреасот е тоа што многу доцна предизвикува тегоби, па кога ќе се открие, најчесто во најнапреден стадиум, тогаш не е можно хируршки да се отстрани.

Статистиката покажува дека повеќе од 95% од заболените со рак на панкреас умираат во текот на првите две години после дијагнозата. Околу половина од сите нови случаи се јавува кај луѓе на возраст од 75 и повеќе години, а еден во 10 лсучаи е генетски условен.

Најчести фактори на ризик се постара годишна возраст, пушење ( причина во 20-30% од случаите), исхрана претерано богата со масти, а сиромашна со овошје и зеленчук, дебелина, намалена физичка активност, како и рани болести како што се панкреатитис, дијабетес и цироза на црниот дроб.

Најчесто заболуваат луѓе кои во најблиската фамилија веќе имало заболени од рак на панкреас, рак или полипоза на дебелото црево, наследен рак на дојка, панкреатитис, меланом и рак на јајници.

Се предвидува дека до 2026. Секоја година од оваа болест ќе умираат 11279 луѓе само во Велика Британија – што е повеќе за 28% отколку во 2014 година.

Така канцерот на панкреас ќе биде четврт најголем убиец после ракот на бели дробови, црева и простата, предизвикува британското здружение за борба против рак на панкреас.

Бидејќи се’ уште не постојат медицински методи за рана дијагностика на овој канцер, кај повеќето пациенти овој рак се открива предоцна за да бидат подложени на спасоносната операција.

Се препорачува зголемено консумирање на овошје, зеленчук и житарици, а намалено консумирање на црвено месо.

Се претпоставува дека консумирањето на витамин Д го намалува ризикот од појава на овој рак, но и вклучување на витамини од Б групата, Б12 и Б6, кои ги има во рибата, школките, млечни производи, јајца, телешко, интегрален леб, телешки џигер, соини ркулци, мешунки и пиперки.

Почест е кај мажите отколку кај жените.

Кога симптомите на болеста ќе се јават, директно зависат од локализацијата и големината на туморот.

Главно се јавува болка во горниот дел од стомакот или во фрбот која често се шири под лопатката, се зголемува после јадење или при лежење, а попушта обично при наведнување кон напред.

Симптоми:

Општа слабост, губиток на апетитот и значителен губиток на тежината, а може да бидат присутни и мачнина и повраќање дури и подолго време после земање на оброк, но и жолтило на кожата, очите и темна мокрача.

Често се јавуваат анорексија и депресија. Со преглед обично се открива жолтица, хепатомегалија (зголемен црн дроб), болна чувствителност во абдоменот или пак самиот тумор може да се почувствува на допир со притисок на стомакот, токму како и зголемената жолчна кеса.

Сепак, клиничката слика и прегледот на пациентот може да бидат и без овие симптоми.

За карциномот на панкреас се вели дека е подмолна болест, бидејќи во времето на поставување на дијагноза во 85% од случаите тој веќе се проширил во локалните структури или метастазирал на црниот дроб и белите дробови.

Само 8% од луѓето дознаваат дека имаат смртоносен рак на време за да можат да се подложат на операција и поминат низ комплетна процедура за лечење.

Кога станува збор за лекувањето, прогнозите се многу лоши. Делумно отстранување на панкреасот или отстранување на панкреасот и дванаестпалечното црево е единствено што евентуално може да доведе до излекување.

Меѓутоа, туморот е можно да се отстрани кај речиси 15% од болните, а излечлив е кај само 15-20% од заболените, а хемотерапија и радиотерапија можат да го продолжат животот.

Но доколку се прошири на соседните ткива, многумина не проживуваат ни шест месеци, покажува статистиката.

Доколку ракот бил откриен доволно рано за да може да се оперира, една четвртина од луѓето со оваа дијагноза би живееле уште пет или повеќе години.

Бидејќи секоја година во Британија околу 10 000 луѓе откриваат дека имаат рак на панкреас, а тој број е петпати поголем од САД, британското здужение за борба против рак на панкреасот, владата и водечките медицински истражувачи вложуваат огромни средства како би ги забрзале методите за рано откривање на овој невидлив убиец.

NMD.mk

Поврзани вести

Back to top button