БизнисИзбор на уредникотМакедонија

Витанов со предлог до Владата: Наместо граѓаните оданочете го профитот на банките

Поранешниот пратеник Зоран Витанов на Фејсбук објави статус со предлог-мерка како Владата да ги обезбеди потребните средства, а при тоа да не биде на грбот на граѓаните.

„Владата планира зголемување на даноците?

Да им дадам предлог: банкарскиот сектор во Македонија остварува цирка 150 милиони евра годишен нето профит. Ако нив ги оданочи со прогресивен данок на добивка од 33%, ете им ги посакуваните 50 милиони евра во буџетот,. Оставете ги граѓаните и МСП секторот на раат, престанете да ги оданочувате оние кои чесно ГИ ПРИЈАВУВААТ своите приходи и профити!

Ако не разбирате економија- прашајте! Не е грев да не разбираш, грев е ДА НОСИШ ОДЛУКИ кога не разбираш!“, напиша Витанов.

Поврзани вести

Back to top button