Свет

ВИДЕО ВО ЖИВО: „Ова е за Алах“ – Нов терористички напад

Шест лица се убиени, а најмалку 48 се повредени во терористичките напади во Лондон, во кои тројца машки напаѓачи се убиени од полицијата, јави Би-би-си.

Бело комби удрило во пешаци на Лондонскиот мост вчера околу 23 часот, а потоа излегле тројца мажи и почнале со ножеви да бодат луѓе на околниот пазар.

Полицијата соопшти дека трите лица носеле лажни самоубиствени елеци.

Еден од повредените е полицаец што бил прободен со нож откако тргнал да помага. Неговите повреди не се опасни по живот.

Кај повеќето од жртвите и повредените во синоќешниот напад во Лондон повредите се во горните делови од телата, јавуваат британските медиуми. Повредените и загинатите имале расекотини и убодни рани претежно на вратовите и лицата.

 

Повеќе од 80 медицински лица биле испратени на местото на настанот, а повредените, од некои се во критична состојба, сега се лечат во пет болници во главниот град.

Помошник-комесарот на Митрополитен полицијата Марк Роули рече дека во моментов се верува дека имало само тројца напаѓачи, а дека експлозивните елеци што тие ги носеле биле „лажни“.

„Ова го третираме како терористички инцидент и веќе е во тек целосна истрага“, додаде тој.

„Тие трчаа и викаа: ‘Ова е за Алах’. Избодеа една девојка можеби 10 пати, 15 пати. Таа викаше, ‘Помогнете ми, помогнете ми’“, вели еден сведок.

Се слушнале и истрели во областа, а еден корисник на социјалните медиуми објави фотографија на која се гледа еден од напаѓачите лежи на земја пред паб во пазарот за храна, а полицијата рече дека бомбашкиот елек врзан за неговото тело е лажен.

 

Поврзани вести

Back to top button