Uncategorized

ВИДЕО: Во Кина се прават и вештачки јајца!

Во последно време “кружат” приказни дека во некои делови на Азија се изработуваат вештачки кокошкини јајца, а видео записот којшто во меѓувреме се појави на интернет мрежата сега може и да нè убеди во точноста на таквите гласини.

На овој видео запис се гледаат работници коишто јајцата “ги произведуваат рачно”, користејќи засега непозната бела смеса којашто ја вметнуваат во калапи заедно со “жолчката”.

Лажните кокошкини јајца се претпоставува дека се изработуваат од хемикалии, алгински киселини, калиум, калциум хлорид, желатин, восок, вештачки бои и вода и најбизарното од целата оваа приказна е дека се продаваат како да се вистински… Инаку, имитацијата на кокошкините јајца и навистина делува “верно на оригиналот”, но само додека тие не се зготват.

Поврзани вести

Back to top button