ВИДЕО: Вака изгледа затворот каде што ИСИС ги чувале сексуалните робинки
Сириските бунтовници во неодамна ослободениот град Манбиџ откриле еден од затворите во кој припадниците на ИСИС ги чувале под заложништво сексуалните робинки.
Во напуштениот објект со десет ќелии, припадниците на ИСИС веројатно ги мачеле заробениците, но и ги силувале и злоупотребувале жените кои присилно станале нивни сексуални робинки.
Потресните глетки ги прикажуваат ќелиите со мувлосани ѕидови по чии бетонски подови се расфрлани валкани перници и душеци.
Во пластичните садови, кои инаку служат за хранење на кучиња, а од кои очигледно заробениците морале да јадат, уште имало остатоци од мелено месо и вода. Пронајдени се и многу сексуални помагала и стимуланси и пилули за контрацепција.
На мувлосаните ѕидови се гледаат и пораки, претежно молитви, испишани на арапски јазик. Се верува дека тој затвор бил местото на кое се одиграле неискажливи ужаси. Кога Манбиџ беше ослободен во средината на август, спасот го дочекаа илјадниците жители на тој град кој беше под окупација на Исламската држава уште од јануари 2014 година, а тие изложени на теророт на екстремистите.