Свет

ВИДЕО: Успешно лансирана руска ракета

Руските Вооружени сили од космодромот Плесецк во Архангелската Област истрелаа интерконтинентална балистичка ракета „Топол-М“, објави „Росискаја Газета“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека целта на стрелбата била проверка на стабилноста на техничките карактеристики и прецизноста на тој тип оружје.

Максималниот дострел на „Топол-М“ изнесува околу 11.000 километри.

Движењето на ракетата во воздухот и погодувањето на целите на полуостровот Камчатка ги задоволиле очекувањата на руските власти во однос на прецизноста и перформансите.

 

Поврзани вести

Back to top button