(ВИДЕО) Тажна приказна – Споменко загина носејќи храна
Навршија 24 години (1993) од кога загина Споменко Гостиќ, најмладиот одликуван борец на Војската на Република Српска, во Одбрамбено-патриотската војна. Загина во својата 15 година од живото во моментите на напад на муслиманските сили на планината Озрен, а за своите заслуги одликуван е со Медал за заслуга на народот.
Роден е 14 август 1978 година во Добој, а 14 години подоцна, кога изгби војната, се придружи во редовите на Војската на Република Српска. Набрзо беше распореден на првата линија на фронтот, каде храбро се борел и многу пати беше ранет.
Споменко кој во војната го доби надимакот Мали Обилиќ, но не поради годините, туку поради тоа што мртвите и ранети другари ги извлече од првата линија на фронтот по дождот гранати и куршуми.
Кога се придружи на Војската на република Српска беше распореден како курир, но не било каков. Споменко носеше храна за борците на првата линија на фронотот. Фотографот Томислав Петернек, и денеска се сеќава на моментот кога овој мал јунак го овековечил.
„Се сеќавам како момче со бебешко лице, како ми доаѓаат во пресрет на запрежната кола. Погледнав и тој пуши, и го вовлекува димот и носи со себе голема торба полна со храна. Кога го виде фотоапаратот и тој и неговите соборци се пошегуваа како сега ќе влезе во историјата“, изјави Петернек за српски Курир.
Година дена малиот Споменико војувал, а потоа во моментите на офанзивата на муслиманските сили на планината Озрен, тешко е ранет. Подлегна на повредите, а погребан е со настраданите соборци на селските гробишта во Јовиќ.
По завршувањето на војната селото Јовиќ припадна на Федерацијата на БиХ, па неговите поранешни соборци побараа преместување на посмртните остатоци на територијата на Српска. Тој план не беше остварен, но некои градови на Република Српска покренаа иницијатива за именување на улиците по Споменикот Гостиќ.
Малкумина кој знаат дека Споменко одбил понуда да оди далеку од војната и да живее во туѓа земја со безгрижен живот, се додека неговата земја не доживеа мир и слобода.
Споменко имал татко, но тој не ни знаел. Тој се одрече кога имал 4 години, а денеска прима пензија на име на загинатиот син.
2014 година, на денот на неговата смрт, во Добој пред црквата е откреин споменик на овој млад херој.