Состојбата во Турција е алармантна – лирата доживеа вртоглав пад, берзите паднаа, а каматните стапки скокнаа. Да биде неволјата поголема, тие се нова мета на Доналд Трамп.
Турците се бесни поради потегот на американскиот претседател кои доведоа до турбуленции и потреси во нивната земја.
Своето незадоволство го покажуваат така што „уништуваат„ се што е американско.
Така на социјалните мрежи кружат видео снимки каде Турците бесно го сецкаат и палат доларот, а потоа ги уништуваат и своите ајфони.
Некои од коментарите се дека Турците ќе зажалат ако навистина го уништат доларот, што покажува на пад на лирата и раст на инфлацијата. Како наведуваат, за Турците ќе биде тешко да платат наем за стан и да купат храна.
„Само погледнете го примерот на Венецуела“, стои во еден коментар.
Од друга страна , велат ако доларите и ајфон телефони кои наводно ги уништиле не се вистински, дека всушност ќе се повредат сами себе предизвикувајќи нова реакција.