ВИДЕО: Потврдувам дека нема друг Бог освен Алах – Последните зборови на Садам Хусеин
На 30. декември се обележуваат 11 години откако поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин, бил погубен со бесење, три години по неговото апсење, кога бил прогласен за виновен од ирачкиот суд за злосторства против човештвото.
Откако сојузничките сили предводени од американската војска во 2003. година, започнале инвазија на Ирак, операција наречена “Ирачка слобода”, под оправдание дека Садам има оружје за масовно уништување, лидерот не успеале да го пронајдат.
Вашингтон понудил 25 милиони долари за неговото апсење, а околу 600 војници биле вклучени во операцијата наречена “Црвена зора”, според американскиот антикомунистички филм од 1984. година. Тоа бил можеби и најголемиот лов на еден човек во историјата.
Садам бил пронајден на 13. декември 2003. година по 8-месечна потрага, во дупка во близина на Тикрит. Бил запуштен, лицето му било со рани од бубачки, имал голема брада и отсутен поглед. Мирно рекол: “Јас сум Садам Хусеин, претседател на Ирак, и сакам да преговарам”.
Американците година подоцна го предале на ирачките власти, кои му суделе за злосторства против човештвото, поради убивање на 148 шиити во Дуџаила во 1982. година, и го осудиле на смрт со бесење на 5. ноември 2006. година.
Кога судијата ја прочитал пресудата, Садам извикал: “Алах е најголем!” и “Да живее Ирак. Да живее ирачкиот народ”. Судот изјавил дека пресудата морала да биде извршена во рок од 30 дена, па Ирачаните побарале трансфер на Садам од надлежноста на американската војска, за да го погубат во рок од 48 часа.
Погубувањето на Садам било извршено на 30. декември 2006. година во 6:05 часот по локално време, а целиот процес бил снимен со камера, додека во медиумите се полемизирало дека пресудата не морала да биде бесење, и дека снимката била монтирана за да се заплаши јавноста.
Како што може да се види од снимката, Садам во текот на погубувањето бил сосема смирен. Очевидците велат дека не покажал ни трошка страв. Последните моменти од неговиот живот ги опишал поранешниот советник за национална безбедност, Мувафак ел Рубаи, кој го гледал бесењето.
“Садам влезе кај мене во просторијата на затворот каде се вршат погубувањата, а носеше сако и бела кошула, се однесуваше нормално и опуштено, без да покаже трошка страв. Секако, некои луѓе бараа од мене да кажам дека се онесвестил или дека бил издрогиран, но тоа не е точно, јас од него не слушнав ниту еден збор на каење, не се помили на Бог за милост, ниту бараше прочка, како што би направил некој што знае дека ќе умре за една минута”, вели тој.
Рубаи потоа го одвел Садам, кој имал лисици на рацете и го држел Куранот, кај судијата кој му го прочитал обвинението, а Садам повторил: “Смрт за Американците! Смрт за Израел! Да живее Палестина! Смрт за персиските свештеници”
После тоа, Рубаи го одвел Садам во просторијата со бесилки. Застанал, ги погледнал бесилките, потоа погледнал во Рубаи, па го спуштил погледот и рекол: “Докторе, ова е за мажи”.
Кога дошол моментот да се качи на бесилката, нозете уште му биле врзани, па Рубаи и останатите морале да го одведат до скалите. Непосредно пред бесењето, сведоците му дофрлале: “Да живее Мухамед Бакр ал_Садр” и “Моктада, Моктада”, што се однесувало на противникот на Садам, кој бил убиен за време на неговото владеење.
Садам одговорил: “Зарем тие се мажи?” и пред да биде обесен, почнал да изговара стихови од Куранот, кој не успеал да ги доврши: “Потврдувам дека нема друг Бог освен Алах, а Мухамед…” – и тоа биле неговите последни зборови.
Садам Хусеин владеел со Ирак повеќе од две децении. Некои Ирачани, посебно сунитските Арапи, со носталгија се сеќаваат на владеењето на Садам, посебно во периодот на внатрешната стабилност, кој е спротивен од бруталниот хаос во кој влегла земјата по неговото бесење.
Пет години по Садам, уште еден светски лидер бил убиен јавно и мачно, а станува збор за Моамер Гадафи.