Свет

ВИДЕО: Ова е терористот кој го окрвави Лондон

Полицијата во Лондон го соопшти името на терористот кој изврши терористички напад во Лондон.

Тоа е Абу Иззадеен кој порано го користел името Тревор Брукс.

Тревор Ричард Брукс е роден на 18 април 1975 година и веќе им бил познат на англиските власти.

Во 2006 година е суден за ширење на тероризам и две години подоцна е прогласен за виновен.

Во 2008 година Абу бил во затвор, бидејќи повикувал на напади во Британија и САД. Исто така собирал средства за терористички групи, како “Ал Мухаџирун”.

Во 2009 година тој оди во затвор за одлежување на четири и пол годишна казна затвор.
Брукс е познат по тоа што тој бил портпарол на исламистичката милитантна организација “Ал Гураба”. Според информација на израелскиот “Канал 1” во тој правел обид да се приклучи кон “Исламска држава”.

Според информација на весникот “Гардијан” Брукс се радикализирал додека имал само 17 години, кога се сретнал со познатите во Британија исламистички проповедници Омар Бакр Мухамед и Абу Хамза.

По професија терористот бил електричар. Оженет е и има три деца.

Последен пат бил забележан во ноември 2015 година, кога бил уапсен од унгарската полиција во воз кој патувал за Букурешт – Романија, бидејќи не можел да биде идентификуван. Информации за него има и во Шенгенскиот информациски систем за безбедност. Абу Хамза е еден од така наречените во Британија проповедници на омразата. Во видео клип поставен на интернет, Абу објаснува дека тероризмот е интегрален дел од исламот.

Во друг клип на интернет Абу категорично изјави дека “британските полицајци треба да бидат убивани”.

Во видео на Твитер направен пред неколку години, се гледа како Брукс повикува Британците да го прифатат исламот.

Поврзани вести

Back to top button