Свет

ВИДЕО: Хорор во Германија – Нов терористички напад

Германската полиција соопшти за многу убиени и повредени луѓе во вооружен напад во трговски центар во Минхен.

– Пукотницата започнала во ресоторан за брза храна и засега не е познато дали нападот го извршило едно лице или неколкумина, изјави Томас Бауман, портпарол на полицијата во Минхен.

Засега нема уапсени, наведува полицијата. Специјални полициски сили се распоредени во и околу трговскиот центар Олимпија во Минхен, јави ДПА.

Запрено е движењето на возовите во метрото, трамваите и автобусите.

Весникот „Минхенер абендцајтунг“ објави дека во инцидентот се убиени најмалку 15 луѓе, а според германската телевизија Ен-Те-Фау бројот на жртвите е 10.

Поврзани вести

Back to top button