Свет

ВИДЕО: Го земала синот и го одвела во Исламската држава

Tарена Шакил со своето бебе заминала во Сирија и живеела со терористите на ИСИС под нивните правила.

Таа е осудена минатата седмица поради припадништво во ИСИС и охрабрување на терористички дела.

Во октомври 2014. година Тарена го земала својот 1-годишен син, го напуштила својот дом во Бирмингем и со авион отпатувала во Турција. На семејството му кажала дека оди на одмор. Меѓутоа, од Турција заминала во Сирија, директно во Рака, центарот на ИСИС, каде им се приклучила на терористите. Три месеци подоцна се вратила – со такси ја минала турската граница, а од Турција повторно се вратила во Британија.

Шакил ги негирала обвиненијата дека сакала да живее по фанатичните правила на ИСИС и дека го поддржува тероризмот. Но, судијата Мелбурн Инман заклучил дека оваа 26-годишна жена била “свесна за тоа на каков живот ќе биде изложена, како и тоа дека нејзиниот син би бил изложен на индоктринација, односно би станал терорист”. Тој оценил дека Шакил пред судот кажувала “лага по лага” без никакви показатели за каење.


“Најодвратна е фотографијата од вашиот син со маскирна капа со логото на ИСИС. Посебно таа на која вашиот син стои покрај калашников. Вие и тоа како сте биле свесни дека вашиот син во иднина ќе стане терорист”, рекол судијата.


“Сте му кажале на вашиот татко дека сакате да умрете маченички, без сомнение поради начините на размислување кои сте ги прифатиле од ИСИС. Вашата улога не била да се борите, туку да раѓате нови генерации на терористи”, заклучил судијата.


Тарена Шакил е првата британска државјанка осудена поради тоа што им се приклучила на џихадистите во Сирија.

Поврзани вести

Back to top button