Цеца демантира дека е во врска со манекенот Александар!

Објавено: вторник, 2 февруари 2016 во 09:16
Spread the love

Најпопуларната пеачка во регионот ја демантираше целата приказна околу нејзината врска со манекенот Александар Јововиќ, со кој медиумите ја споија во изминатите недели.

ceca

Фолк дивата за прв пат се огласи по повод оваа приказна и тоа во емисијата „Премиера“ на ТВ Пинк, и јасно стави до знаење дека целата приказна е измислена.

Таа објасни дека тоа се случило со намера да и се наштети на неа и на децата и дека поради приказната ќе поднесе тужба против медиумите кои ја започнаа.

Тие наводно се запознале на Тајланд, а продолжиле да се гледаат по враќањето во Белград.