Свет

ВИДЕО: Германските тенкови тргнаа кон руските граници

НАТО Алијансата продолжува со планот за распоредување на дополнителни сили на териториите на своите земји членки од источниот дел на Европа.

Германските војници и тенкови тргнаа кон Литванија во рамките на мисијата на НАТО Алијансата за зајакнување на военото присуство во источните европски земји со цел да им помогнат во одвраќање на евентуална руска воена агресија како што имаше во источна Украина.

Од германската војска соопштија дека 36 возила, меѓу кои што има и оклопни борбени возила од типот „Боксер“, биле натоварени на товарни вагони во Баварија и веќе се на пат кон централа Литванија. Во овој план на НАТО е предвидено токму Германците да ја предводат борбената група на Алијансата во Литванија.

Првиот германски контигент опфаќа околу 450 војници и воена опрема, ќе бидат испратени и тенкови од типот „Леопард 2“ и борбени пешадиски возила од типот „Мардер“.

Се проценува дека целата единица ќе брои околу илјада војници, а свои сили покрај Германија ќе испратат и Холандија, Белгија, Норвешка и Луксембург. Борбените групи кои што ги предводат Соединетите Американски Држави, Канада и Велика Британија ќе бидат стационирани во Полска, Летонија и Естонија.

Поврзани вести

Back to top button