Свет
ВИДЕО: Додик одби да се ракува со амбасадорката на САД во Сараево
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, не е омилен кај челниците од меѓународната заедница и постојано им се спротивставува на претставниците на САД и на ЕУ.
На комеморацијата за жртвите од нацистичкиот логор „Јасеновац“, Додик одби да се ракува со амбасадорката на САД, Морин Кормарк.
Тој културно се поздрави со сите присутни, а кога дојде редот на Кормарк, ја тргна раката.