Видео: Даниел го запали студиото на TLZP
Даниел Кајмакоски го имаше досега најдобриот настап во третата сезона на „Tvoje lice zvuci poznato“.
Пејачот целосно се внесе во улогата на фронтменот на групата Рамштајн, приредувајќи огнен настап по кој жирито му ги додели сите 12-ки, а публиката се крена на нозе и го поздрави со громогласен аплауз.
– Јас станав фан на Даниел и Рамштајн, значи ќе одам на концерт. Ова се мошне тешки актерски улоги, ова беше шок за мене и сакам да го пофалам Даниел и целата продукција, кореографијата и палењето. Mене ми се запалија трепките! Малку е да се каже дека беше вонсериски и сјаен, рече Лепа Брена.
-Сите комплименти за настапот и пиротехниката. Мислам дека продукцијата се надмина себе си и мислам дека знам на кого морам да му дадам 12 поени, беше коментарот на Владо Георгиев.
Даниел го воодушеви жирито, но тоа не беше доволно за по втор пат го освои првото место. На крајот неговата бодовна состојба се изедначи со онаа на Неша Бриџис, па гласот на Сузана Манчиќ пресуди во корист на стенд ап комичарот.