Избор на уредникотРелигијаТопФото
ВИДЕО: Благодатниот оган се појави во храмот на Христовото Воскресение во Ерусалим
Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден.
Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим на овој ден се собираат илјадници православни верници, кои по слегувањето на Благодатниот оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат понатаму.
Претставници на помесните православни цркви ќе го преземат Благодатниот оган од аеродромот во Тел Авив и ќе го пренесат во своите земји.