Свет

ВИДЕО+18: Протече снимка од нападот во Берлин

Германски Bild дојде до првата видео снимка на која што може да се види моментот кога камионот влетува на Божиќниот пазар во германскиот главен град.

На снимката која што е направена од еден автомобил кој што случајно се нашол на местото на терористичкиот напад, може да се види како камионот со голема брзина се залетува во Божиќниот пазар во германската престолнина кој што е преполн со луѓе.

Откако камионот со голема брзина ќе започне да собира се пред себе, на видеото се гледа како луѓето започнуваат панично да бегаат кога сфаќаат дека всушност се работи за терористички напад.

Како што е познато, во терористичкиот напад во Берлин животот го загубија 12 лица, а педесетина се повредени, од кои неколкумина и натаму се со тешки телесни повреди и се наоѓаат во животна опасност.

Германската полиција најпрвин уапси еден 23-годишен Пакистанец, но подоцна се покажало дека тој нема никаква врска со терористичкиот напад. Во меѓувреме, разузнавачките служби и полицијата утврдија дека главен осомничен за нападот е Тунижанецот Анис Амри кој моментално се наоѓа во бегство.

За него распишана меѓународна потерница, моментално го бараат речиси сите европски служби, но засега нема никаква информација за него.

Поврзани вести

Back to top button