Бизнис

Вибер со нова опција која корисницте со години ја чека

Вибер- „Viber“, една од водечките апликации за размена на пораки, најави дека на почетокот на март ќе претстави нови функции од областа на електронска трговија која на неговите корисници ќе им овозможи купување на бараните производи и брендови – непосредно додека разговарате со пријателите.

Во создавањето на оваа револуционерна функција, „Viber“ се потпре на експертските знаења на нејзиниот сопственик – компанијата „Rakuten“, светски гигант во областа на електронската трговија.

Шопингот е една од омилените активности за корисниците на мобилни уреди. Последните истражувања покажуваат дека повеќе од половина сопственици на паметни телефони ги користат истите за набавка и слични активности, а 66% од нив тоа го прават најмалку еднаш неделно. Сепак, секој кој некогаш купувал преку неговиот мобилен уред, ќе ви каже дека тоа е прилично напорно. За да купувате преку мобилен телефон, ќе морате постојано да влегувате и излегувате од разни апликации – шопингот на паметен телефон е спротивно од забавата и дружењето кога купувате низ град.

Меѓутоа, преку функцијата која ја нуди „Viber“, добивате чувство на заедничко доживување на оние кои ќе купуваат преку мобилен телефон. Преку пребарување и размена на информациите за посакуваниот артикл, до директна комуникација со омилените брендови, „Viber“ ќе ви понуди начин сето тоа да го направите од едно место. Отсега, корисниците ќе можат да купуваат со притискање на почетното копче на екранот за размена на пораки.

Потоа ќе им биде претставен спектар на водечките брендови, што ќе им овозможи пребарување на нова роба и богата содржина во самото прозорче додека разговараат со пријателите – кои ќе можат да ги дадат своите коментари. Исто така, корисниците ќе можат да примаат и директни пораки од самиот бренд кој ќе го изберат.

„Комуникацијата преку мобилните апликации се наоѓа во рана фаза. Со воведување на функцијата за електронска трговија, „Viber“ на корисниците им овозможува на корисниците да уживаат со пријателите со неколку допири на екранот. Ова е првиот чекор на една доста интересна мисија која ќе ја исполниме заедно со нашите корисници, а во таа смисла очекуваме да напредуваме“, вели Џамел Агауа, главниот извршен директор на „Viber“.

Новата функција за инстант шопинг ќе биде активна во својата бета верзија само во Америка од 6 март, додека нејзиното постепено воведување во употреба ширум светот се очекува во текот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button