Свет

Ветераните на УЧК: „Ќе ги браниме планините со крв“

Притисокот врз косовското собрание да не го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора продолжи вчера со протест на ветераните на УЧК од Пеќ.

„Отсекогаш сме ги бранеле со крв овие планини, ако е треба ќе го направиме тоа повторно“, изјави претседателот на локалниот разгранок на ветераните на УЧК Газменд Суља.

Протестите против демаркацијата траат веќе една година, односно откако Хашим Тачи и Игор Лукшиќ го потпишаа договорот за решавање на тоа прашање.

Веднаш по потпишувањето, поранешниот регионален командант на УЧК и претседател на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај ги искина мапите кои ги изработија приштинските претставници во комисијата задолжена за демаркацијата.

Противниците на демаркацијата побарале помош од САД, но американските експерти соопштија дека комисијата коректно си ја завршила работата.

Демаркацијата е клучното барање кое ЕУ му го постави на Косово за добивање визни олеснувања.

Поврзани вести

Back to top button