Македонија

Веќе три дена не може да се извлече човечки труп во неготинско

Веќе три дена не може да се извлече човечкиот труп, кој беше забележан од случаен минувач во близина на Неготино, во бездна кај местото викано Просек. Од СВР Велес за „Фокус” потврдуваат дека се повикани стручни екипи од Скопје, да помогнат да се дојде до телото, но акцијата била доста тешка, бидејќи станувало збор за длабока бездна.

Нема податоци околу тоа дали станува збор за тело на жена или маж, ниту пак колку долго се наоѓало во бездната.

ПОВЕЌЕ ВО ФОКУС

Поврзани вести

Back to top button