Избор на уредникотМакедонија

Узурпирале државно земјиште и направиле авто-плац, Општина Бутел ја урна оградата и ќе поднесе кривична

Општина Бутел и Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска во координирана акција одзедоа узурпирано државно земјиште, кое се наоѓа на територијата на општината. Локалната самоуправа ќе поднесе кривична пријава против лицето кое бесправно го узурпирало земјиштето.

– Никој не е над законот. Утрово, заедно со инспекциските служби на општина Бутел, во координација со Министерството за внатрешни работи се постапи согласно закон, при узурпација на државно земјиште. Отстранета е ограда поставена на државно земјиште, најверојатно за плац за продавање автомобили, соопшти градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Тој упати апел до сите граѓани на општината да ги почитуваат законите и нагласи дека е должен бескомпромисно да се бори за еднакви услови за сите и неселективно спроведување на прописите.

Поврзани вести

Back to top button