Избор на уредникотМакедонија

Усмртена мечка на автопатот Тетово – Скопје

Мечка била удрена и усмртена на автопатот Тетово-Скопје. Во несреќата возачот на возилото бил повреден.

– Ноќеска (27 март), четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка.

Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира полицијата, информираат од МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Поврзани вести

Back to top button