Уште една мистерија – исчезнаа и 14 турски воени бродови?
Најмалку 14 бродови на турската Воена морнарица и понатаму се наоѓаат на море и со нив не може да се воспостваи контакт, пишува „Тајмс“.
Турските власти страхуваат дека нивните команданти биле дел од државниот удар и дека сега сакаат да побегнат во друга земја.
Извор за весникот потврди дека воените власти, исто така, не можат да стапат во контакт ни со командантот на турската морнарица, адмиралот Вејсел Косел. Се уште не е познато дали и тој е дел од организаторите на обидот за преврат или пак, пучистите го чуваат како заложник.
Сердар Тунчер од труската „Си-Ен-Ен“ во неделата објави дека најмалку 42 вони хеликоптери исчезнале пред или за време на обидот за рушење на власта. Новинарот на „Твитер“ објави дека пописот на воената опрема по неуспешниот пуч ги откри недосатоците, по што се стравува од нов обид за симнување на Ердоган од врвот.