ВИДЕО: Мислите дека купувате месо за шницли? Еве што подметнуваат

Објавено: вторник, 19 јули 2016 во 13:32
Spread the love

Не можете повеќе да судите за квалитетот на шницлите само според нивниот вкус. Благодарение на човекот во снимката имаме можност да дознаеме што се франкеншницли.

Имено, трикот што поедини месари ги користат за да заработат повеќе е остатоците од стековите ги лепат заедно со трансглутамин, кој во индустријата е познат како лепак за месо, а резултатот изгледа како шницла.

Овој процес не е нужно штетен и нездрав, но измамата е во тоа што купувачите плаќаат полна цена за споени остатоци од месо.

Понекогаш овој спој толку вешто е направен што воопшто не се забележува разликата од автентична шницла. Но измама, е измама.