Убиена жена во Македонија, две лица повредени
Жена во повозрасни години е убиена откако била смртно повредена со остар предмет, а други двајца се пренесени во болница.
Според првичните информации утрово нешто пред четири часот е пријавено дека во стан во Гостивар на улицата Илинденска има повредени лица.
Кога полицајците стигнале на местото на настанот забележале дека во зградата повредени се С.Т. (78), како и С.Р. (54) и Б.Р. (60) кои биле во брак.
Утрово во 3:55 часот во СВР Тетово е пријавено, дека во стан на ул „Илинденска“ во Гостивар има повредени лица.
Трите лица веднаш биле пренесени во болница, а највозрасното починало.
Полицијата превзела мерки веднаш за пронаоѓање на сторителот, при што уапсен е 46 годишен гостиварец околу шест часот утрово поради сомненија дека бил вмешан во настанот.
На лице место дошол Јавен обвинител и полициска екипа, кои вршат увид.