Свет

Убиен е министерот за војна на Исламската држава?

Американски високи функционри за „Ројтерс“ открија дека еден од главните лидери на Исламската држава, Абу Омар Ал-Шишани кој практично бил „министер за војна“ на ИСИС е ликвидиран во воздушен напад на Анти-ИСИС коалицијата.

sirija napad

Нападот бил изведен во сирискиот град Ал Шадади, а „Ројтерс“ потсетува дека САД понудиле награда од пет милиони долари за информација во врска со Ал Шишани кој исто така бил познат под името Омар Чеченецот.

Инаку во Сирија владината војска започна огромна офанзива против упориштето на Исламската држава во југозападната провинција Хомс, пренесува „Спутник“.

„Сириската војска и одредите за самоодбрана напредувале четири километри кон градот Карјатејн при што е заземена мала висорамнина во тој град“, соопштиле од сириската војска за тамошните медиуми.

Како што е познато, примирјето кое што успеаа да го договорат САД и Русија со завојуваните страни во Сирија не важи за Ал Нусра Фронт и Исламската држава затоа што овие организации се прогласени за терористички од Исламската држава, па затоа сириската армија го користи примирјето за да ги порази.

Сирија се наоѓа во војна од 2011-та година. Силите лојални на претседателот Башар Ал Асад се борат против бројни опозициски фракции, но и разни исламистчки екстремистички групи како што се споменатите Ал Нусра Фронт и Исламската држава.

Поврзани вести

Back to top button