Избор на уредникотМакедонија

Уапсен рекетар, успеал да изнуди 30 илјади евра од скопјанец

И.Ј.(38) од Скопје во неколку наврати успеал да изнуди околу 30 илјади евра од друго лице. Тој парите ги барал како наводен долг од неговиот син.

– Вчера во 11.10 часот на подрачје на Кисела Вода од полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода И.Ј.(38) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Изнуда“ казниво по член 258 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по пријава на на 20.02.2023 во 19.00 часот од оштетено машко лице од Скопје дека во временскиот период од месец август 2022 година до 20.02.2023 пријавениот И.Ј. со закани во неколку наврати му изнудил 2.000.000 денари поради претходен долг на неговиот син, информираат од МВР.

Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести

Back to top button