Живот

Целосна забрана на употребата на солариум во Србија

Дерматолозите во Србија се заложуваат за целосна забрана за употребата на солариумот во Србија за помлади од 18 години, поради неговото канцерогено дејство, соопштуваат од Здружението на дерматолози на Србија и Одборот за меланом на српското лекарско друштво, пренесува Б92.

По 18-тата година употребата на солариумот може да биде дозволена само откако корисниците ќе бидат информирани за сите ризици на кои што се изложуваат, се наведува во соопштението и се наведува дека таквата постапка е веќе на сила во сите земји на ЕУ.

Експертите по повод новите податоци за канцерогените ефекти на солариумот укажуваат дека во Србија годишно се откриваат околу 500 до 600 нови случаи на меланом, а според податоците на тамошниот Институт за јавно здравје забележан е пораст на болеста кај лицата до 29 години и тоа пред се кај женската популација.

Поврзани вести

Back to top button