ЖивотИзбор на уредникот

Тесла ги измислил дроновите уште во 1898 година, мислел дека со нив ќе престанат војните

Никола Тесла во голем дел овозможил дигиталната ера да биде како што сега ја живееме, а во неговите многу откритија и проекти, се наоѓа и изумот од ноември 1898 година во кое научникот зборува за широка примена на беспилотни возила.

Тесла навел дека таквите возила и летала би можеле да се користат за пренос на писма и пратки ( наликува на денешниот проект Амазон), за воспоставување комуникации (Гугл и Фејбук) но и за истражување, извидување па дури и “убивање и ловење на китови и други морски животни.

Во неговиот проект наведува дека тоа што ние денеска го нарекуваме дрон, може да има употреба во низа инженерски и комерцијални дејности, но Тесла посебно ја истакнал една активност-војувањето.

-Најголема вредност на мојот изум би била што ќе влијае на војувањето и вооружувањето. Поради сигурната и неограничена моќ, овој изум би создал перманенетен мир помеѓу нациите, навел Тесла.

На овој дел од проектот обрати внимание и Метју Шроер, инженер од Универзитетот во Оклахома и специјалист за беспилотни системи.

Изумот за “метод и апаратура во управувањето на подвижни возила“ предвидувал и бежична комуникација.
-Во поширока смисла мојот изум се разликува од другите системи за контрола на механизмите кои ги имаат објектите по тоа што нема потреба од жици, кабли или друг вид на електрична или механичка поврзаност. Јас постигнувам слични разултати на попрактичен начин на користење бранови, импулси или зрачења кои се примаат преку земјата, водата или атмосферата, се додека објектот се наоѓа во домет на таквите бранови, импулси или зрачења, наведол Тесла во својот проект.

Поврзани вести

Back to top button