Свет
Терористи паднаа во рацете на полицијата
Во голема полициска акција денеска во Истанбул се уапсени 23 странски државјани, под сомнение дека се припадници на терористичката група „Исламска држава“ и дека подготвувале голем напад.
При претресите се запленети голем број на документи на ИД и дигитални материјали.
За осомничените имало информации дека подготвуваат сензационален напад во име на ИД. Истовремена операција е спроведена на шест локации во Истанбул, при што се задржани 23 странски државјани.
Турција изминативе години беше мета на голем број напади од исламистите, а напад за Нова година имаше и во ноќен клуб во Истанбул каде загинаа голем број луѓе од различни земји.