Живот

Татко ѝ раздавал за душа, а таа живеела на 20 метри од дома

Кога жител на селото Чегљи покрај Јастребачко слушнал женски глас кој доаѓа од шупата, полицијата конечно ја пронашла Марица Крлин (39), која седум години се водела како исчезната. Сето време се сокривала на само 20 метри од домот.

– Тој ден дојде околу 13 часот кај мене, ми побара кафе и ми рече дека нема да си оди дома се додека е таа таму. Не ја сакаше, Ана, маќеата. Се сокри во пченките, чекаше да се стемни и вечерта дојде кај мене, раскажува Иван Крлин (70), кој ја сокривал.

Таткото Имбро го пријавил во полиција исчезнувањето на Марица на 8 август 2010 година.

– Нема каде не ја баравме, Одев со нејзина слика и ја барав, на крајот ѝ одржавме помен, платив за литургија, мислев дека е мртва, а таа цело време тука била, со горчина и среќа раскажува тажниот татко. Никако не можел да сфати зошто најмладата ќерка си заминала од домот во кој имала се и отишла да живее во шупа без вода и струја. Се започнало во 2003 година, кога ја довел дома невенчаната сопруга Ана.

dedo i baba selo
-Бев сам со три деца и со стара неподвижна мајка. Споругата почина од сепса по царски рез, а татко ми загина во сообраќајна несреќа. Ана беше вдовица со двајца возрасни синови.
Марица од почетокот не се согласувала со маќеата, па правела се за да ја избрка.
-Не сакаше да се капе по цел месец, смрдеше, а само од инает. И преходно еднаш избега, ама ја најдовме брзо.
Сепак, каде е Марица знаела постарата сестра Сања, која ја посетувала.

dedo
– Ништо не ѝ недостасуваше. Делевме се што имав. Ако ѝ се присакаше чоколада, купував две, една за неа, една за мене, раскажува Иван, кој почнал да живее во шупата кофа му изгирела куќата во 1996 година. Во мрачното сопче од 5-6 квадратми метри има еден кревет, шпорет на дрва и малку садови. марица излегувала само ноќе за да не ја видат комшиите.

Откако ја пронашле, полицијата ја одвела марица на лекар, а социјалната служба ја сместила во хранителско семејство. Марица е во добра здравствена состојба, не била силувана ниту запуштена. Иван ѝ купувал весници, па била во тек со настаните.

Поврзани вести

Back to top button