Татко ја оставил слепата ќерка на пруга за да ја убие воз, а потоа се случило чудо – Св. Василиj ја покажал својата моќ
Острошкиот манастир сместен на самата ивица високо во црногорските планини направен е во средината на 17 век и е посветен на Св.Василиj Острошки. Кај православните верници, но и кај многу луѓе од други вери, ова е место каде се случуваат чуда. Многумина говорат за чудесни оздравувања кои се случиле на луѓе откако го посетиле овој манастир.
Станува збор за приказна за една слепа девојка која после престој во манастирот – прогледала.
Девојката била спасена од добри луѓе.
Била родена 1960 година како четврто, непланирано и несакано дете во семејството. Таткото го оставил новороденчето на пруга. Одејќи покрај пругата еден добар човек го слушнал нејзиниот плач и ја спасил. Тој и неговата сопруга подоцна го усвоиле новороденчето.
После два месеци забележале дека девојчето има проблеми со видот. Ја одвеле на лекар кој ги потврдил нивните сомнежи. Потоа ја воделе по болници меѓутоа лекарите немале лек за нејзината болест.
Чудесно опоравување после сон со ангел
После некое време одлучиле девојчето да го однесат на Острог знаејќи дека таму многу луѓе доживеале чудесни опоравувања. Во манастирот свештениците се молеле над неа, и давале благослови и повикувале на оздравување.
Една ноќ девојчето сонувала ангел кој ја повикал кон себе. Девојчето се разбудило од сон, ги отворило очите, и според кажувањата вриснала силно здогледувајќи светлина.
После тоа, со родителите останала уште неколку дена во манастирот. За време на тие денови најпрвин почнала како низ магла да гледа сенки и облици, за да на крајот целосно прогледа.