Избор на уредникотРелигијаТоп
Светите славни Четириесет битолски преподобномаченици, се жртвуваа за верата православна и живот вечен
Светите славни Четириесет битолски преподобномаченици
Свети 40 Битолски преподобномаченици се новоканонизирани македонски светители кои биле свештеници и монаси во Битола во втората половина на XIV век, кога Османлиите ја освоиле Битола. 39-те монаси и свештеници веднаш по освојувањето на Битола биле заробени од страната на Агарјаните. За време на заробеништвото и еден муслимански преведувач преминал во христијанство со што бројката пораснала на 40. На деветтиот ден од месецот март 1384 година сите 40 заробени биле погубени на Баирскиот рид во Битола.