МакедонијаТоп

Сведочење за Монструм: „Неколку дена пред настанот во црквата во населбата Ченто беше испишано дека ќе биде крвав Велигденот“

На денешното рочиште за случајот „Монструм” меѓу останатите прашања околу настанот, од родителите на убиените момчиња поранешните челници на МВР и БЈБ добија прашање и дали знаеле дека во црквата во населбата Ченто неколку дена пред да се случи масакрот кај Смилковското езеро во 2012 година со спреј биле испишани зборовите дека „Ќе биде крвав Велигденот”.

„Неколку дена пред настанот во црквата во населбата Ченто беше испишано дека ќе биде крвав Велигденот. Земен бил отисок од нога и сквернавена била црквата. Полицијата била на местото. Дали вие знаете за таков настан и знаело ли МВР дека ќе се случи вакво нешто”, прашаа родителите на убиените момчиња.

Јанкулоска на ваквото прашање одговори дека не се сеќава дека е пријавен ваков настан, но дека доколку има вакво нешто тоа сигурно е заведено во дневната книга на МВР.

„Доколку има ваков настан, тоа сигурно го има во дневната книга на МВР и овој настан треба да е заведен, иако мене не ми е познато”, одговори Јанкулоска.

Поранешниот директор на БЈБ, Тодоровски рече дека ниту тој немал сознанија за ваков натпис, а ниту пак БЈБ имало какви било информации или сознанија за тоа дека ќе се случи нешто лошо. Доколку имале, како што рече, сигурно дека ќе биле направени напори за да се откријат сторителите и дека ќе направеле се за да се спречи настанот.

Повеќе на МКД.мк

Поврзани вести

Back to top button