Избор на уредникот
Судар вреден милион долари, вработен за паркирање судрил две „ламборгини“ (ВИДЕО)
Вработен во хотел-казиното „Краун тауерс“ во Перт, Австралија (Crown Towers Perth), успеал да судри две скапи „Ламборгини Авентадор“ возилa, коишто чинат вкупно околу милион долари, удирајќи сo едниот автомобил во другиот.
Автомобилите се во сопственост на милијардерот Лоренс Ескаланте, кој во тоа време престојувал во казиното кое е негово. Несаканиот настан се случил завчера, а некој успеал и да го сними сѐ тоа.
Вработениот во паркингот се обидел да објасни дека ги измешал контролите и притиснал на гас наместо кочница, но извинувањата, се чини, не вредат многу, оти штетата е огромна.